Не јадете грашок? Еве зошто би требало!

10 причини

Многумина го сметаат грашокот за зеленчук без вкус, па речиси секој избегнува да го јаде. Но овој зеленчук е богат со многу хранливи материи, и доколку се подготви правилно може да биде и многу вкусен. Во продолжени погледнете ги 10-те здравствени придобивки од грашокот.

  1. Помага при регулирање на телесната тежина

300 грама грашок содржи околу 100 калории, како и многу протеини и хранливи влакна што помагаат при одржување, но и намалување на телесната тежина. Тој исто така има многу малку маснотии.

 

  1. Го спречува стомачниот рак

Верувале или не, секојдневното консумирање грашок може да ви помогне да го спречите стомачниот рак. Грашокот содржи еден полифенол наречен куместрел. Според едно истражување, на луѓето им се потребни само 2 милиграма дневно од овој полифенол за да го спречат ракот на стомакот. Една порција грашок има повеќе од 10.

  1. Го забавува стареењето и го зајакнува имунитетот

Грашокот е одличен во борбата против стареењето бидејќи содржи многу од следниве антиоксиданси:

 

Флавоноиди – катехин и епикатехин

Каротеноиди – алфа каротен и бета каротен

Фенолни киселини – ферулинска и кофеинска киселина

Полифеноли – куместрол

  1. Помага при борбата со брчките, Алцхајмеровата болест, бронхитисот, остеопорозата, артритисот и кандидата

Заборавете на здравите шејкови, грашокот е вистинската „суперхрана“. Тој помага во спречувањето на Алцхајмеровата болест, бронхитисот, остеопорозата, артритисот и кандидата. Грашокот содржи витамин А и витамин Е, многу цинк, и е богат со омега 3 масни киселини. Како резултат на ова, редовното консумирање грашок може значително да ги намали и вашите брчки.

  1. Ги спречува болестите на срцето

Бидејќи грашокот е богат со антиоксиданси, тој го намалува ризикот од срцев удар. Големото количество на витамините Б1, Б2, Б3 и Б6 има голема улога во ова. Јадете повеќе грашок за да го спречите насобирањето штетни материи во артериите.

  1. Добар е за околината

Изненадувачки, но грашокот е одличен за околината. Растението го „собира“ азотот од воздухот и го носи во почвата. Ова ја намалува потребата од вештачки ѓубрива. Покрај тоа, откако ќе се набере, остатокот од растението лесно се распаѓа. Тоа создава органско ѓубриво за почвата. За грашокот е потребно многу мала површина, и може да се одгледува на места каде што водата не е многу достапна.

  1. Ја спречува констипацијата

Ако редовно јадете грашок, бидете сигурни дека цревата ќе ви работат одлично. Грашокот е богат со хранливи влакна кои ги придвижуваат цревата, но и спречуваат многу болести на овој дел од телото.

  1. Го намалува лошиот холестерол

Грашокот има ниацин кој пак го намалува производството на триглицериди. Како резултат на ова се зголемува нивото на добриот холестерол.

  1. Одличен е за коските

Без разлика на возраста, секому му е потребна здрава коскена структура, а грашокот ви го овозможува токму тоа. Една порција грашок содржи 44% од препорачаната дневна консумација на витамин К. Овој витамин го задржува калциумот во коските и го намалува ризикот од остеопороза.

  1. Го нормализира шеќерот во крвта

Бидејќи грашокот е богат со протеини и влакна, тој ја намалува дигестијата на шеќерот. Исто така го регулира производството на инсулин, со тоа спречувајќи ја појавата на дијабетес.

 

Коментари

коментари