Не го прескокнувајте утринското кафе!

138

Луѓето кои се навикнати да пијат утринско кафе, и ако од која било причина си го скратат тоа, имаат проблеми со памтењето, покажа едно најново истражување.

Желбата за кофеин ни отежнува да се сетиме на некои работи, па затоа е подобро, ако веќе пиете кафе, да си ја испиете дозата на која сте навикнати.

Истражувачите ги поделиле испитаниците во две групи: на првите им било дозволено да помирисаат тазе сварено кафе, а на вторите им дале да се напијат кафе. Потоа им биле направени тестови за помнење податоци научени непосредно пред експериментот.

Резултатите покажаа дека желбата за кафе дефинитивно ја намалува способноста за помнење нови информации.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.