Не го правете ова со пилешкото месо!

Пилешкото е вид месо со кое мораме да бидеме внимателни при ракувањето. Имено, постојат две важни работи кај ова месо. Пилешото никогаш немојте да го ставате на горната полица во ладилникот и никогаш не мијте го пред подготовка.

На сите ни се случува при брзање, кога со полни раце од пазарење ќе се вратиме дома, месото да го ставиме на горната полица од ладилникот, но мора да се биде внимателен. Имено, соковите од месото може да капат по храната под него, а со тоа храната ќе се загади. Потребно е пилешкото да се стави во посебна ќеса или пак на најдолната полица.

Друга важна работа, пред да го готвите пилешкото, е да не го миете. Кога го миете се шират бактериите наоколу преку водата, а со тоа се зголемува и можноста да добиете труење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.