Не е гладно и со полн памперс а плаче – Како да ги сопрете солзите кај бебињата
Еве неколку причини како да го препознаете плачот кај бебето, кога тоа не е последица од глад или преполни пелени.
1. Замор
Бебињата многу често се жалат дека им е неугодно. Мокрите пелени им сметаат на бебињата, и преку плачењето тие се жалат на тоа. Секогаш внимавајте облеката да им биде удобна, исто и креветчето на кое што спијат, и проверете ја собната температура која треба да биде помеѓу 19 и 21 степен.
2. На бебето не му е удобно
Бебињата, понекогаш кога се уморни им треба помош да заспијат. Лулањето и галењето можат навистина да им помогнат во успивањето.
3. Болест
Доколку бебето е болесно, тогаш плаче повеќе и погласно од вообичаеното. Ако сте загрижени, веднаш посетете педијатар. Доколку плачот е пропратен со дијареа, температура, осипи и воспаление како и потешкотии во дишењето, потребно е да се консултирате со лекар.
4. Исцрпеност
Бебето не сака премногу стимулации. Премногу гости или бурен ден можат да го уморат вашето бебе. Во такви случаеви, бебето наместо да заспие, почнува да плаче. Помогнете му на бебето, на тој начин што ќе го земете во раце, за да почувствува сигурност.
5. Грчеви
Кога бебето гласно плаче, при тоа ги собира нозете, и доколку тоа се случува секој ден во вечерните часови, највероватно го мачат грчеви. Грчевите се јавуваат во втората недела од животот, и може да трајат до третиот месец. Сеуште не е најден правиот лек за смирување на грчевите. Меѓутоа, може многу да помогне чај од морач, да ги смири грчевите барем на кратко. Масирајте го стомакот на бебето, топлете го и запамтете дека во такви случаеви треба да останете смирени. Дури и малите бебиња ја чувствуваат вознемиреноста кај мајката.
6. Здодевност
И бебето сака друштво и внимание. Доколку не сакате или не можете постојано да сте покрај неговото креветче, купете му на вашето бебе некоја занимлива играчка со која нема да му биде здодевно.