Назначени нови директори на Кардиологија, Токсикологија, Нефрологија и на Очната клиника

681

Нови директори се именувани во универзитетските клиники за нефрологија, токсикологија, кардиологија и за очни болести, информира Министерството за здравство.

За нов директор на Универзитетска клиника за нефрологија е именувана д-р Ирена Бушлетиќ, д-р Нико Беќаровски е нов директор на Универзитетска клиника за токсикологија, д-р Беким Поцеста на Универзитетска клиника за кардиологија, а д-р Беким Татеши на Универзитетска клиника за очни болести.

Воедно, разрешени се економските директори во Универзитетски стоматолошки клинички центар, Универзитетската клиника за токсикологија и Универзитетската клиника за очни болести.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.