Научно потврдено: Најдобар е сексот со личноста која ја сакате
Емоционалната врска е клучот кон убавиот секс за 96% од учесниците во новото истржување.
Сексот е најдобар кога го правите со човек кого го сакате. Имено таа душевна врска ви обезбедува самодоверба и го зголемува сексуалното задоволство на двајцата партнери.
Истражувањето покажа уште дека елементите на добриот секс се физичката привлечност, емоционалната интимност и чувството дека човекот што е со вас во кревет ве сака.
Ова истражување покажа дека сексот не е физички акт, туку емоционално поврзување. Резултатите покажуваат дека учесниците прават секс еднаш или два пати седмично, а би сакале да ја зголемат бројката на три до пет пати за една седмица. 90% од испитаниците сметаат дека со тек на време сексот станува се подобар, а не како што повеќето сметаат дека ситуацијата во спалната соба се движи кон монотонија со годините.