Научници тврдат: Депресијата е заразна!

160

Меланхоличните чувства и депресијата можат да бидат заразни, потврдило истражувањето на Универзитетот во Индијана.  Истражувачите 6 месеци го следеле однесувањето на волонтери кои биле во друштво со луѓе со симптоми на депресија и општо незадоволство од животот. Заклучиле дека таква средина негативно влијае на психата кај среќните луѓе, пренесува  Daily Mail.
Овој феномен го нарекле когнитивна ранливост и се карактеризира како моќен активатор на депресијата.
– Кој реагира негативно на стресни настани во животот, неговите чувства на песимизам и незадоволство ги шири на луѓето со кои поминува многу време, обично пријатели или партнери – вели водечкиот автор на студијата.
Тој додава дека теоријата на заразна депресија има силни докази, врз основа на резултатите од студиите во која цимерите на депресивни луѓе истите по три до шест месеци доживуваат симптоми на депресија.
Депресијата и анксиозностасе најчестите нарушувања на психичкото здравје а оваа студија покажува колку е важна позитивна средина за позитивен став во животот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.