Народен правобранител: И татковците со три деца да добиваат додаток за трето дете

Народниот правобранител покрена иницијатива за измени на Законот за заштита на децата со кој се бара правото на родителски додаток за трето дете да може да го оствари таткото во случаи кога мајката не ги исполнува условите.

Иницијативата, како што денеска информираа од Канцеларијата на народниот правобранител, веќе е доставена до Министерството за труд и социјална политика.

Според Народниот правобранител, оваа одредба од законот е дискриминаторска и ги става во нерамноправна положба мајката и таткото како родители на детето што е спротивно на Уставот и на Законот за дискриминација.

– На таткото како родител, којшто согласно правната регулатива, меѓународните конвенции и обврската подеднакво да се грижи за развој на детето, пристапот до ова право му е овозможено само во исклучителни случаи, односно кога мајката не е жива или кога таа од оправдани причини не може да се грижи за детето. Тоа значи дека таткото е исклучок што сметаме дека претставува дискриминација по основ на пол и има основа за промена на Законот за заштита на децата, изјави заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Од друга страна, како што посочи Бајрамовска, нелогично е и тоа што право на додаток за трето дете може да добие мајка која е во работен однос, а онаа која прима социјална или друг вид помош, мора да се откаже од тоа, за да го добие додатокот за трето дете.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.