Наркозависниците од Клинички префрлени во Центарот во Кисела Вода

Над 150 корисници на дрога кои добиваа третман во Клинички, со одлука на Министерството за здравство се преместени во Центарот за зависници во Кисела Вода. Медицинскиот персонал наместо за 300, отсега е надлежен за 450 пациенти кои земаат метадонска терапија. Веќе 10 дена имаат зголемени гужви како и нервоза кај зависниците, но здравствените власти им ветиле дека решението е привремено. Министерот Арбен Таравари вели дека е свесен за проблемот со дуплирање на бројот на зависници во Кисела Вода и револтот на населението.  Најави решение но не прецизираше кога.

–Видете тој проблем е повеќе од 20 години. Тие пациенти се таму привремено а и не може да биде изграден нов значи ќе му требба минимум една година. Разгледуваме и опција со болници во скопје кои не се користат и каде е потребно само мало реновирање и таму да ги префрлиме пациентите, вели Арбен Таравари, министер за здравство

И додека надлежните велат дека бараат решение, денешната слика околу Центарот во Кисела Вода беше ужасна. Фрлени шприцеви, игли и шишиња од метадот речиси пред дворовите на куќите. Деца кои задолжително со родител или баба и дедо одат и се враќаат од училиште од страв да не згазнат на медицинскиот отпад или да не се преплашат од пациентите во дворот.

Стенд уп-Жителите се револтирани а здравствените власти со ветување дека дел од овие пациенти ќе бидат дисперзирани во центри во општините од каде што доаѓаат. Но според експертите, за тоа е потребно и вработување на нов кадар.

Граѓаните апелираат до институциите веднаш да ја решат ситуацијата која веќе е неиздржлива.

-Страшно е овде, што да ви кажам, видете и сами..шприцевни, игли а овде деца играат, да ти е страв, не ги пуштаме сами никако….како не е ужасно, ептен е, живееме во страва и така е со години а со години бараме и решение, велат жители од Кисела Вода.

Иако многумина ветуваа, со години не може да се најде соодветно решение за третман на зависниците од дрога. Пред 4 години беше најавено дека центаро во Кисела Вода ќе стане поликлиника, но дел од скопските градоначалници не се согласија во нивните општини да има вакви центри.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.