Направете си домашен спреј против комарци

Рецепт

Во почетокот на летото е време да размислиме како да се заштитиме себе си и своите омилени луѓе од непријатните комарци. Наместо да купите козметика од аптекатаможете и да си направите домашен заштитувач со целосно природни состојки.

Во следниот рецепт се вклучени некои од најдобрите етерични масла за кожата, кои нанесени врз неа, ќе ја направат мека, со пријатен мирис и ќе ја заштитат од каснувања.

Што ќе ви биде потребно за да си направите домашен спреј против комарци?

Состојки:
10 капки масло од лаванда
2 – 3 лажици екстракт од хамамелис (вештерска леска)
10-12 капки масло од цитронела
10-12 капки масло од еукалиптус
10-12 капки масло од лимонска трева

Комбинирајте ги сите состојки во шише со распрскувач и протресете добро. Секој пат пред да се испрскате на вашата кожа, протресувајте го шишето, за да можат да се комбинираат сите масла, заедно со хамамелисот.

Коментари

коментари