Нападнато обезбедувањето на Градската болница 8-ми септември

1,826

Обезбедувањето во Градската општа болница „8-ми Септември“ вчера во 13:40 часот било физички нападнато од повеќе лица.

Како што соопшти МВР, обезбедувањето на болницата било нападнато од повеќе лица кои биле со две возила, од кои едното „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, по што избегале.

Полицијата по кратко време го запрела возилото „БМВ“ на подрачјето на полициска станица Бит Пазар, при што е приведен М.Р. (27) од скопското село Батинци. Другите две лица со непознато возило избегале.

Во ГОБ „8-ми Септември“ лекарска помош побарале лицата А.Л. (30), Е.К. (27), С.А. и А.Л., сите вработени во агенција за обезбедување. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.