Намирници што може да предизвикаат мигрена

Некои видови храна може да бидат поттикнувачи на мигренозна болка

393

Мигрената е една од најужасните главоболки, без разлика во кој дел од денот се појавила.

Постојат најразлични теории што ја предизвикува, но точниот причинител и понатаму е непознат.

Во текот на тие бројни истражувања, откриено е дека некои видови храна може да бидат поттикнувачи на мигренозна болка, а некои од нив ги јадеме секојдневно.

Меѓу нив се и хогуртот, куселото млеко, сирењето, црвеното вино, сувомеснати производи, изнутрици, но и кофеински пијалаци, темно чоколадо, некои видови риба, кромид и лук, спанаќ, целер, цвекло, зелена салата, ананас, банана, авокадо и сливи.

Во ризичните намирници спаѓа и храната која содржи оцет и квасец, но и конзерванси и засладувачи.

За олеснување на симптомите, но и намалување на честотата на мигрените, потребно е да внесувате витамини од групата Б, особено Б2.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.