Намирници кои ќе ви помогнат во справување со остеопорозата

Храната којашто содржи калциум и витамин Д е добра за зајакнување на коските, но исто така голема улога има и витаминот Ц.

Освен тоа, треба да внесувате калиум, калциум и магнезиум. Секоја балансирана исхрана треба да содржи многу свежо овошје и зеленчук.

Овие намирници се добри за справување со остеопороза.

Зелен лиснат зеленчук

Иако сметаме дека млекото е главен извор на калциум, всушност тој се содржи и во зеленчукот. Зеленчукот како што се спанаќот и зелката содржат голема количина на калциум. Исто така, содржат и витамин К кој го намалува ризикот од остеопороза.

Компир

Недостатокот на магнезиум може да ја поремети рамнотежата на витаминот Д во вашето тело, а пак калиумот ги неутрализира киселините. Компирите се богат извор на магнезиум и калиум. Се препорачува да ги јадете варени за да ја сочувате нивната хранлива вредност.

Риба

Лососот содржи голема количина на калциум, а сардините се богати со витамин Д – особено ако ги јадете со коските.

Бадеми

Бадемите се богати со калиум и калциум. Може да ги јадете печени и сирови. Исто така содржат и голема количина на масти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.