Највалканите предмети што секој ден ги допираме

Нема да ви се верува каде се кријат бактериите

Повеќето луѓе се трудат да живеат во што почиста и поздрава околина, па затоа водат сметка за хигиената на многу предмети во домот. Сепак, некои нешта едноставно се забораваат.

Овие неколку работи кои ги допирате речиси секој ден на нив имаат царство од бактерии, внимавајте кога ракувате со нив и редовно одржувајте ги чисти со цел да го заштитите вашето здравје.

Слушалки

Слушалките се познати по тоа што на нив се наталожуваат вишокот бактерии од потта и восок од ушите.

Кујнски сунѓер

На кујнскиот сунѓер може да се најде ешерикија коли, салмонела и други болести кои се развиваат од остатоците од храна. Менувајте го еднаш неделно.

Шише за вода

Колиформните бактерии често се наоѓаат во шишињата за вода доколку тие редовно не се чистат и менуваат.

Пешкири

Мртвите клетки од кожата кои можат да предизвикаат инфекција од стафилокока се наталожени на пешкирите откако тие ќе се исушат.

Четка за заби

Секој пат кога ќе пуштите вода во WC школката, бактериите се разлетуваат низ целата бања. Држете ги четките за заби што подалеку или чувајте ги во стерилни кутии.

Алишта

Секој пат кога се занимавате со перење алишта доаѓате во допир со бројни бактерии.

Количките од маркетот

На нив се наоѓа цело царство од бактерии. Плунка, бактерии, па дури и фекална материја може да дојде во допир со вас, по користењето задолжително измијте ги рацете.

Мени во ресторан

Менито по цел ден стои на масата и не се чисти редовно. Илјада луѓе оставаат своја трага на него, па затоа гледајте кратко време да бидете во контакт со него.

Даска за сецкање

Даските за сецкање се совршено место за мувла и бактерии, затоа пред и по употреба задолжително измијте ги.

Перници

Секоја ноќ спиете на мешавина од бактерии. Мртви клетки од кожата, исцедок од носот, плунка и уште неколку заразувачи кои демнат, менувајте ја почесто постелнината.

Телефони

Мобилните телефони, доколку не ги чистите секојдневно, на себе имаат армија од бактерии. Одржувајте го вашиот телефон чист.

Коментари

коментари