Најпопуларната диета која се држи само еден ден

Оваа диета е една од најпопуларните во светот.

Со помош на зелениот чај и млекото може да изгубите до два килограми дневно и да се ослободите од вишокот течности во организмот. Оваа диета не треба да се практикува повеќе од два пати месечно. Исто така, одбегнувајте ја нејзината примена доколку сте алергични на млеко, имате проблеми со бубрезите или жолчното ќесе или имате низок крвен притисок. Доколку страдате од некое хронично заболување, најдобро би било да се консултирате со својот доктор пред да започнете.

За оваа диета потребни ви се 1,5 литар млеко со ниска масленост и две лажици квалитетен зелен чај.

Зелениот чај може да го купите во продавници за здрава храна. Не треба да користите чај од вреќички, затоа што нема да го добиете посакуфаниот ефект од оваа диета.

Сварете го млекото и оставете го да се излади на 70 степени, а потоа додајте две лажици чај. Поклопете и оставете да одстои 20 минути, а потоа процедете го и пијте го на секои два часа во текот на денот. Потребно е да пиете и околу 2 литри вода , затоа што млекото и зелениот чај се силни диуретици.

Нема да чувствувате глад, бидејќи млекото во комбинација со зелениот чај му помага на телото да се бори против гладот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.