Најмоќниот човек во светот тежи 108 килограми и е во одлична здравствена состојба!

Докторот од Белата куќа потврди дека здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп е одлична, потврди докторот од Белата куќа. Но, препорача да ја намали телесната тежина која сега изнесува 108 килограми.

-Нема никакви знаци за интелектуални проблеми. Прегледот беше на барање на претседателот. Неговото здравје е одлично. Големи се можностите тој да биде здрав до крајот на мандатот, изјави докторот на Белата куќа, Рони Џексон.

71-годишниот челник на САД мина тричасовно медицинско испитување коешто беше и првиот преглед откако влезе во Белата куќа. Претходно беа објавени документи кои ги разгореа шпекулациите околу неговото психичко здравје.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.