Најмоќни природни антибиотици

Ги убиваат сите бактерии и ги бркаат вируси, а сите ги имаме дома!

587
И покрај напредокот во современата медицина, не треба да ги забораваме моќните природни лекови…

Додека денес имаме современа медицина, нашите предци за лекување на разни болести морале да се потпираат на земјата и природата само за да набават антибиотици.
Подолу ви донесуваме листа на растенија кои ги уништуваат бактериите и бркаат многу болести.
Кромид и лук

Делат заеднички лековити својства и содржат природни антигабични, антибактериски и антиканцерогени супстанции.
Според списанието „Pharmacognosy Reviews“, „Во време кога немало антибиотици и други лекови, лукот ја претставувал целата индустрија за лекови заради широкиот спектар на ефекти“.Корен на ѓумбир


Ѓумбирот е моќен лек кој прави чуда за човечкото тело. Можете да го јадете свеж, во прав или сушен како зачин. Може да се конзумира и како екстракт, масло, капсула, пастили или тинктура.
Има силно антиинфламаторно дејство и е многу ефикасен како антибиотик. Намалува болка, мачнини и помага при губење на апетитот.Кокосово масло


Станува збор за природен антибиотик кој помага во лекување на кашлица, кандида, воспаление, па дури и брадавици. Поради своите антимикробни својства, може да спречи влез на штетни патогени во дигестивниот систем.
Исто така е добар антибиотик заради неговите антивирусни и антифунгални својства.Оцет од јаболко


Благодарение на оцетната киселина е моќен антиинфламаторен лек. Намалува симптоми на многу состојби, акни, артритис и гихт. Покрај намалувањето на болката, јаболков оцет обезбедува добра доза на пробиотици.Мед


Студиите покажуваат дека обичниот мед убива повеќе од 60 различни видови бактерии. Лекува кандида, кашлица, помага при заздравување на раните, помага при кардиоваскуларни заболувања, дигестивни проблеми, бубрези, гинеколошки проблеми.
Екстракт од семки на грејпфрут

Употребата на екстракт од семе од грејпфрут достига до 16 век. Тогаш го лекувал воспалението на гастроинтестиналниот тракт. Покрај своите природни антибактериски својства, ја стимулира циркулацијата, го намалува воспалението на зглобовите и ја штити нашата кожа од УВ зрачење.Масло од оригано


Маслото од оригано има антиинфламаторно, антивирусно и антифунгални својства. Исто така, лекува настинки, инфекции и паразити. Земањето масло од оригано како додаток во исхраната ја штити вашата кожа од штетни бактерии.Каранфилче


Во тек се истражувања за да се откријат релативно новите медицински својства на каранфилчето. Посебна област на интерес за научниците е употребата на овој зачин за одржување и подобрување на оралното здравје.
Студиите покажуваат дека каранфилчето ефикасно убива бактерии, гингивитис и плак, што може да помогне во намалување на воспалението на непцата.
Во една студија, миењето уста со течност – составена од каранфилче, босилек и масло од чајно дрво – убива повеќе орални бактерии отколку водата за плакнење што може да ја добиете во аптеките.
Мајчина душица

Мајчина душица е природен антисептик и антимикробно средство. Може да се користи и за спречување на заболувања на кожата како што се акни и егзема.
Поради својот потенцијал, треба да се разреди со кокосово или маслиново масло пред да се примени на кожата.Ехинацеа


Припаѓа на семејството сончоглед – цветот на ехинацеа – делува како еден од најдобрите природни антибиотици за обичната настинка.
Истражувањата покажуваат дека користењето на овој цветен додаток може да ја намали сериозноста на симптомите на настинка до 50 проценти. Други природни антибиотски примени  вклучуваат: воспаление на увото,стлетско стапало, инфекции на синусите и треска од алергија на полен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.