Најлековитиот зеленчук го има и кај нас!

Поточарката е растението за кое експертите сметаат дека е најздрава билка на светот. Таа е последна во долгата низа на новооткриени „супер – намирници“ кои содржат бројни хранливи и лековити состојки. Расте во области со чиста вода (во реките, потоците, изворите) и ѝ припаѓа на фамилијата на зелките.

Поточарката се смета за еден од најстарите видови на зелен зеленчук познат на човекот.

Денес е познато дека поточарката претставува богат извор на бројни витамини и минерали како што се витамините А, Ц, Е, К, минералите: калциум, калиум, манган, цинк, магнезиум и железо.

Поточарката содржи бројни фитохемикалии, растителни влакна и се смета за нискокалорична супер храна. Таа може да се употребува како додаток на јадењата, во супите и соковите, но и како свежа салата.

Таа е единствена билка која не може да расте во загадените области и се смета за сигурен показател на чиста природа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.