Најголеми митови за спермата во кои МОРА да престанете да верувате

Не можете да забремените од предсемената течност?

Повеќето мажи продуцираат помеѓу 39 милиони и 929 милиони сперматозоиди при ејакулација, според Светската здравствена организација. Но, колку всушност знаеме за спермата?

 

Мит 1: Не можете да забремените од предсемената течност.

Најчесто ова е само течност за лубрикација која потекнува од простата. Но, има многу мали шанси во оваа течност за „подмачкување“ да има некој сперматозоид и да дојде до бременост.

 

Мит 2: Спремата има голема хранлива вредност ако се проголта.

Здравата диета може да го подобри квалитетот на спермата, но тоа не значи дека „консумирањето“ сперма ќе има некакво позитивно влијание на вашиот организам.

 

Мит 3: Спрематозоидите може да живеат со денови на чаршафите, крпите, долната облека.

Не можат да преживеат на облека или други материјали повеќе од неколку мигови. Сперматозоидите изложени на екстремни температури се сушат и се губи нивната способност да ја оплодат јајце клетката.

Но, во матката тие може да преживеат и до 5 дена и ова е причината зошто може да забремените од незаштитен секс при менструален циклус.

 

Мит 4: Квалитетот на спермата кај мажот останува ист во текот на целиот живот.

Вистина е дека мажите може да прават деца сè додека се способни да продуцираат сперма, но тоа не значи дека квалитетот на спермата не се менува со текот на годините. Нејзиниот квалитет опаѓа и тоа го отежнува забременувањето.

Мит 5: Храната што ја консумирате не влијае на спермата.

Здравата исхрана влијае на одржување на спермата во добра состојба. Таа е огромен фактор.

 

Мит 6: Колку сперма продуцира мажот е најважниот дел при оплодувањето.

Количината на сперма не е единствениот фактор, важно е и колку се подвижни сперматозоидите и каква е нивната структура. Дури и малку сперма со висококвалитетни сперматозоиди може да ја оплоди јајце клетката.

 

Мит 7: Тесните панталони и долна облека немаат ефект на спермата.

На сперматозоидите им е потребна оптимална температура, а претесната облека ги држи тестисите многу блиску до телото и со тоа ја зголемува нивната внатрешна температура при што опаѓа квалитетот на спермата.

 

Мит 8: Сите сперматозоиди се однесуваат на ист начин.

Покрај тоа што носат уникатни генетски информации, сперматозоидите кај различни мажи може да се однесуваат различно. Грижата за здравјето и физичката активност влијаат позитивно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.