Најдоброто природно средство за јакнење на имунитетот

Џем од ѓумбир

274

За време на ладната сезона кога човекот најмногу е подложен на настинки и други вирусни инфекции, неопходно е да се води сметка за своето здравје.

Затоа, на сите начини е потребно да се зајакне имунитетот навремено.
Овој џем е вистинска витаминска бомба: содржи жумбир, лимон и мед.
Овој превкусен џем ќе ви помогне да го зајкнете вашето и здравјето на вашите најблиски.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 корен од ѓумбир со средна големина
3 лимони органски
500 мл мед

ПОСТАПКА:

Лимонот измијте го, исечее го на коцки и сомелете го со помош на блендер или сецко. Ѓумбирот излупете го и ситно изрендајте го.

Соединете го лимонот и ѓумбирот, па смесата постепено преливајте ја со мед со постојано мешање. Добро изедначете ја смесата и складирајте ја во помали стаклени тегли кои ќе ги чувате во фрижидер.

Овој џем не треба термички да се обработува. Може да се чува доволно долго, благодарение на конзервирачките својства на медот.

Џемот можете да го додавате во чај, да го мачкате на леб или едноставно да го консумирате по една супена лажица дневно, најдобро на гладно.

Бидете сигурни дека ова е еден од најдобрите природни начини за јакнење на вашиот имунитет во текот на зимскиот период.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.