Над еден милион денари од хуманитарниот пикник на „Алкалоид“ донирани за Здружението „Живот со предизвици“

Над еден милион денари од годинашниот хуманитарен пикник на Алкалоид завршија кај здружението на граѓани со ретки болести Живот со предизвици. Осма година под закрила на фондацијата Трајче Мукаетов, околу три илјади вработени и нивни пријатели и членови на семејства, беа во заедничка мисија за подршка на здружението.

-Ниту еден систем, ниту една индивидуа не може да се справи сама со предизвиците кои ги носат ретките болести. Затоа годинава одлучивме нашиот донаторски хепенинг да го поддржи здружението кое се справува со проблемите на поединци соочени со ретки болести, изјави Живко  Мукаетов, генерален директор на Алкалоид

Здружението Живот со предизвици кое 9 години се бори за правата на лицата со ретки болести, велат дека донацијата ќе ја искористат за формализирање на Линијата за помош, преку која организирано ќе им помагаат на граѓаните кои се соочуваат со проблеми при навремената дијагностика на ретката болест, но и што потоа.

-Најнапред со навремена, точна и соодветна информација, потоа со нивно поврзување и насочување за остварување на социјалните и здравствени права, вели Весна Алексовска, претседател на здружението Живот со предизвици.

Од Алкалоид најавија дека и во иднина ќе продолжат со нивната хумана мисија, чија главна цел е како што велат од компанијата, подобрување и унапредување на позитивните општествени вредности.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.