Над 130 милиони луѓе до 2050 година ќе живеат со деменција!

155

До 2050 година повеќе од 130 милиони луѓе во светот ќе живеат со деменција. Еден од секои три случаи може да биде спречен ако луѓето во голема мерка се грижат за здравјето на мозокот, се вели во истражување објавено во медицинското списание Лансет.

Меѓу клучните фактори за ризик од појава на деменција се недостиг од образование, губење на слухот, пушење и физичка неактивност, наведено е во истражувањето.

Проценките се дека 47 милиони луѓе во светот имаат деменција. Истражувањето е претставено на конференција на меѓународното здружение Алцхајмер во Лондон.

Истражувањето е направено од 24 светски експерти кои наведуваат дека начинот на живот на човекот може да има голем аулога во зголемување или намалување на ризик од појава на деменција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.