Над 100 случаи со морбили регистрирани во Косово

Во Косово расте бројот на случаите со морбили односно мали сипаници. Последниот случај е 16 годишно момче, кое не било вакцинирано а имало и друг заравствен проблем.

– Првиот случај е регистриран во јуни и тоа по 16 години. До сега тој број е повеќе од 100. Заразентите се главно деца, од предучилишна и училшна возраст, но има и возрасни. Највозрасниот има 40 години. За жал, како последица на ова заразно заболување почина 15 месечно бебе од Косово Поле, потврди за косовската државна теливизија (РТК), директорот на Клиниката за инфектологија во Приштина, Хамди Рамадани.

Според него моментно во клиниката хоспитализирани се 36 пациенти со морбили, главно од Косово поле и Липљан. Еден од пацентите, посочува тој, е во тешка состојба, бидејќи боледува и од други две болести.

Околу 90 насто од регистрираните случаи не примиле вакцина против морбли.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.