На жените им треба повеќе сон од мажите!
Група научници од Универзитетот „Лофброу“ во Англија потврдија дека на жените им е повеќе потребен сон отколку на мажите за да функционират нормално.
Причината е едноставна – мозокот на жената е многу покомплициран од мозокот на мажот, што значи дека на жената ѝ е потребно повеќе време за одмор и за заздравување.
Женскиот мозок е покомплициран бидејќи има моќ да извршува повеќе работи одеднаш.
Единствениот проблем што се јавува ако не спиеме доволно, недостигот од сон влијае на состојбата на жената, расположението и на енергијата.