На тетовка и извадиле тумор од абдомен тежок 16 килограми!

903

Тумот од 16 килограми бил изваден од абдоменот на 37-годишна тетовка, која се јавила на гинеколошки преглед во ординација во Тетово откако забележала дека во последните 7-8 месеци стомакот постојано ѝ расте, објави ГАК на својата страница на Фејсбук.

„Пациентка на 37-годишна возраст, мајка на три деца, со нередовни гинеколошки контроли се јавила на гинеколошки преглед во ординација во Тeтово откако забележала раст на стомакот во последните 7-8 месеци. Откако ѝ биле направени потребните испутувања, жената била испратена на ГАК во Скопје. Таа е оперирана и закрепнува“, пишува во споделениот текст.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.