На што треба да заборавите за да имате здраво срце?

 

1. Алкохолот

По некоја чашка од време на време нема да ви наштети особено, особено ако зборуваме за вино, што дури е корисно. Редовната употреба на алкохолни пијалаци, сепак значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и го крева крвниот притисок.

2. Солта

Храната нема вкус, без малку сол, но ако претерувате со овој зачин (а тоа ќе биде така, ако консумирате многу брзи закуски и готови меса), клетките ви се оштетуваат и расте ризикот од инфаркт.

3. Имобилизација

Дополнителните килограми и забавената циркулација на крвта се главни фактори на ризик за болестите на срцето. Тие дејствуваат бавно, но сигурно.

4. Нелекувана депресија

Депресијата, анксиозноста и стресот имаат огромно влијание врз општото здравје, но поконкретно тие го слабеат срцето. Ако не ги третирате навреме, ќе му наштети на вашиот имунолошки систем и нервниот систем.

5. Јадењето за смирување

Често јадеме не затоа што сме гладни, туку затоа што храната ни дава емоционална утеха и чувство за контрола и безбедност. За жал, т.н. „храна за удобност“ најчесто е смртоносна за срцето – колачи, мрсни производи и солени закуски. Намалета ја храната, зголемете го внесот на вода и избегнувајте пржени работи.

6. Пушење

Тивкиот убиец не само што им штети на белите дробови. Всушност, пушењето е одговорно за 30% од кардиоваскуларните смртни случаи.

7. Несоница

Редовното неспиење доведува до хормонален дисбаланс, од кој не само што ќе се здебелите, туку и ќе го зголемите ризикот за вашето срце. Ненаспаноста го зголемува и нивото на стресни хормони во организмот, кои исто така не се пријатели на срцевиот мускул. Спијте најмалку 7-8 часа секоја ноќ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.