На протест пред МЗ и приватните специјализанти на стоматологија
По лекарите специјализанти, денеска на мирен протест и специјализантите по Стоматологија.
– Ние, приватните специјализанти на стоматологија по неколкумесечните преговори и низа работни средби кои ги остваривме со Министерот за Здравство, и ветувањата кои ги добивме дека нашиот труд конечно ќе се валоризира и ќе добиваме месечен финанскиски надоместок, а исплатата на истиот ќе започне во септември, повторно останавме изиграни. За таа цел излеземе пред зградата на Министерството на Здравство да го изразиме нашиот револт преку мирен протест.