На овој дел од телото има најмногу габи!

Човечкото тело е колонизирано од различни видови на габи, но стапалата се уште им се омилената дестинација, сметаат научници од Истражувачкиот центар во Мериленд. Тие откриле дека на човечката нога живеат над 100 различни видови на габи, а најголем број од нив се на петите, под ноктите и меѓу прстите. Повеќето од нив се безопасни и покрај тоа што може да придонесат за непријатен мирис. Истражувачите анализирале 14 различни делови од телото на десет здрави мажи. Земале примероци од ушниот канал, помеѓу веѓите, на задната страна на вратот, позади ушите, на нозете, на градите, препоните и лактот. Добиените резултати покажале дека разновидноста на габите варира од еден до друг дел од телото, така што луѓето во просек имаат 18-32 различни видови на габи под пазувите, додека на задната страна се само околу една десетина од нив.

Колку и да е природно и нормално за човечкото тело постоењето на габите, сепак, експертите препорачуваат носење на апостолки на базени и слични места бидејќи мешањето на различни видови на габи може да доведе и до непријатни инфекции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.