На овие симптоми кај новороденчињата мора да реагирате, тие се најопасните

Родителите на новороденчиња мора да внимаваат и на овие симптоми веднаш да реагираат.

Модри усни

Ако усните на вашето бебе станат модри или јазикот почнува да помодрува тоа е знак дека детето нема доволно кислород. Оваа состојба е позната како цијаноза и бара веднаш да повикате брза помош.

Отежнато дишење

Сите бебиња понекогаш тешко дишат. Но ако вашето бебе има отежнато дишење постојано и побрзо од вообичаеното тоа може да укаже на респираторен дистрес. Веднаш јавете се на педијатар и ако е ноќ однесете го вашето бебе на дежурна клиника.

Температура над 38.5 степени целзиусови

Ако вашето бебе е помало од два месеца, и ректално сте  ја измериле температурата и има над 38.5 степени целзиусови веднаш консултирајте се со педијатар. Лекарите објаснуваат дека високата температура кај новороденчињата е ретка и може да има последици на различни бактериски инфекции, па дури и менгитис.

Дехидратација

Ако бебето е старо повеќе од 6 дена, а не ги полни пелените 6 пати на ден значи дека е дехидрирано. Други знаци на сериозно дехидрирање може да се сува уста, пропаднати очи и летаргија. Веднаш превземете нешто и однесете го детето на лекар.

Бебето повраќа зелено и кафеаво

Малите бебиња често повраќаат. Можат да повратат и ако се накашлаат, плачат, се имаат прејадено или ако имале грчеви. Меѓутоа ако бебето повратило зелено, значи дека ситуацијата е сериозна. Зеленото повраќање може да  укаже дека цревата се блокирани и дека е потребна итна интервенција, а повраќањето во боја на кафе често е симптом на внатрешно крварење. Исто така ако бебето падне на глава  и повраќа треба итно да го одведете на лекар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.