На колку време треба да се шишате ако сакате убава коса?

Косата најбрзо расте кога е здрава, а тоа подразбира редовно шишање на оштетените врвови.

Колку често ќе се шишате зависи од вашата коса, но и од начинот на кој ја одржувате. Ако имате природна коса, тогаш сигурно поретко ќе треба да го посетувате фризерот од жените кои имаат фарбана коса. Забрзано оштетување на косата придонесува и редовното третирање на истата со топлина и производите за стилизирање.

Одењето на фризер може малку да го одложите со редовна нега на косата со масло, хидратантна маска и други хранливи препарати.

Ако се доволно посветени и грижливи за вашата коса ќе биде доволно да скратите околу половина сантиметар на секои два месеци. Доколку не се грижите многу за косата, тогаш вашиот фризер ќе мора да го посетувате почесто.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.