На колку време треба да се менуваат перниците за спиење?
Според експертите, неопходно е перниците да ги менувате на секои 6 месеци. Причината е што стануваат легло на разни инфекции по нивното долго користење. Речиси 70 отсто од луѓето кои тврдат дека спијат на удобна перница прават голема грешка што на неа спијат со години. Според Роберт Оксман директор на Институтот”„Sleep to Live”, перницата треба да се менува на секои шест месеци или најкасно на секои две години. Душеците пак треба да се менуваат на секои пет до десет години. Вели дека ризикот од долгорочна употреба на истата перница не се крие во губење на нејзината форма и сила, туку во страшните работи кои се кријат во неа.
Перницата на која секоја ноќ спиете станува дом на мртвите клетки од кожата, нечистотија, масти и сето тоа може да предизвика појава на акни. Прашинските грини, кои исто така се собираат во пукнатините на перниците може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Околу 20 отсто од луѓето имаат проблеми со алергии, а дури две третини од нив се алергични на прашински грини.