На колку години почнуваме почесто да размислуваме за здравјето?

148

Во тинејџерските години, како и во 20-тите и голем дел од 30-тите, луѓето обично мислат дека се неуништливи во однос на здравјето, но тоа почнува да се менува околу 36 -тата година, покажало истражувањето на една британска болница на повеќе од 2000 луѓе. Според неа, луѓето во средните 30-ти години одеднаш стануваат свесни дека треба да посветат повеќе внимание на своето здравје, особено во поглед на вежбањето и исхраната, пренесува Daily Mail.
Во помлада возраст луѓето често живеат “од ден на ден”, а во 30-тите, тоа се менува и почнуваат да размислуваат за иднината, и како можат да го продолжат животот со менување на навиките. Околу една третина од луѓето на ова ги поттикнува некој здравствен проблем од кој се плашат или пак смртен случај на член од семејството.
– Очигледно е дека во 30 -тите здравјето и благосостојбата стануваат важни приоритети на кои порано не сме мислеле особено ако сме здрави, вели авторот на истражувањето.
Промените се обично поврзани со престанување со пушење, намалување на алкохол, често вежбање, повеќе спиење и здрав начин на исхрана.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.