На која возраст бебињата почнуваат да разбираат дека луѓето имаат проблеми?
Истражувања на група јапонските научници покажале дека десетмесечните бебиња сочуствуваат со луѓето кои се наоѓаат во тешки ситуации и тоа го манифестираат на разни начини.
Експерт на развојна психологија и раководител на истражувачкиот тим Јашухиро Канакоги вели дека децата на таа возраст реагираат на геометриски фигури и на некои геометриски форми што ги гледаат и дека можат да реагираат агресивно. Научниците од Унвиерзитетот во Кјото и од Технолошкиот универзитет Тојохаши заклучиле дека десетмесечните бебиња имаат интеракција со оние кои се наоѓаат во тешка ситуација, но дека е тешко да се оцени количеството на сочуство што го развиле.