На кои места во домот завршуваат отровите од цигарите?

164

Ниту домовите на непушачите не се заштитени од канцерогените материи во цигарите, велат научници од Универзитетот во Јорк -Велика Британија. Ризикот по здравјето е голем и кај децата чии родители не пушат, а за се тоа е виновно пасивното пушење.
Научниците собрале прашина во домовите на пушачи и непушачи и во однос на ризикот по здравјето кај 6-годишни деца бил дури три четвртини во домовите на пушачите и две третини кај непушачите.
Токсичниот чад во домот се внесува преку облека, но најголемата опасност на “пасивното пушење од трета рака” се канцерогените честички кои се акумулираат во прашината. Тие навлегуваат и во завесите и мебелот. Долгорочната изложеност на чад е најлоша за деца до шест години и кај нив здравствените последици се најлоши, бидејќи тоа се канцерогени честички кои можат долго да престојуваат во домот. Секоја година од пасивното пушење во светот умираат околу 600.000 луѓе. Голем број на земји го забранија пушењето на јавни места, но тоа се пресели во домовите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.