МЗ: Утре се отвораат четири нови пункта за ковид вакцинација во Скопје

Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ).

Во две смени, како што посочуваат оттаму, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

-Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање се околу 400.000 дози вкупно од сите производители од кои 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, велат од Министерството за здравство.

Нагласуваат дека вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид 19 вурусот.

-Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот. Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме натамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани, порачуваат од Министерството за здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.