МЗ: Фрлањето отрови за кучиња е опасно за здравјето на луѓето

156

Зачестеното фрлање отрови за кучиња-скитници на територијата на град Скопје може да биде исклучително опасна по здравјето на луѓето, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посебно апелираат на поголема свесност и совесност бидејќи злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини.

Според стручните лица во областа, посочуваат од Министерството, за оваа намена најчесто се користат пестициди, или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем, стои во соопштението.

Имајќи предвид дека од здравствен аспект, овие материи се исклучително опасни како за животните, така и за луѓето, уште еднаш апелираме дека лицата одговорни за предизвикување смртен исход со вакви дејства, може кривично да одговараат согласно позитивните прописи во Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.