МЗ без објаснување како ќе функционира издавањето изводи на родени во болниците!

239

Дали родителите мора да имаат смислено име на новороденчето пред жената да замине на породување или за овој податок ќе имаат рок од неколку дена за детето да добие извод од матичната книга на родени. Оваа дилема следува откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари најави дека во иднина изводите ќе се вадат во болниците. Денеска на прашањата на Сител од неговиот кабинет во пишан одговор рекоа дека сеуште работат на деталите.

– Во врска со овој нов проект и се предвидува официјален настан на кој јавноста ќе биде детално информирана, стои во кусиот одговор од ресорното министерство.

Засега новородененчето се пријавува во рок од 30 дена од денот кога дошло на свет во матичното подрачје на кое се родило детето. Чија обврска ќе биде ова во иднина не откри ниту Таравари.

– Кога ќе се роди детето, родителите не одат никаде, туку во болница се дава извод на родени, како и препораки за мајките за следните неколку месеци. Значи, да не одат родителите по изводи и други документи, вакцини што треба да ги прими, изјави вчера Арбен Таравари, министер за здравство.

Но, за да ги дознаете сите новости мора да имате Фејсбук и да ви се допаѓа страната на министерството за здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.