Музиката на Моцарт ќе стане терапија за деца со епилепсија?!
Децата на возраст од 2 до 18 години кои ја слушале музиката на Моцарт, покажале значајно намалување на епилептичните активности во мозокот, тврди новото истражување.
Не е јасно како сонатите на прочуениот композитор можат да имаат таков ефект, но една од теориите е дека единствениот ритам и мелодија влијаат на електричната активност.
Немало никакви промени кога слушале друга музика
Докторите на Кралската детска болница во Единбург, кои го спорвеле ова истражување, велат дека тоа може да биде терапија за деца кои боледуваат од епилепсија, особено за оние кои не реагираат на постоечките третмани.
Во истражувањето учествувале 45 деца кои 5 минути ја слушале „Сонатата за двата клавира во Д-дур“, а докторите ја следеле мозочната активност.
Резултатите покажале значајно намалување на фреквенцијата на пробивањето на електричните импулси кај децата додека ја слушаат музиката на Моцарт, а немало буквално никакви промени додека слушале друга музика.