Музиката е корисна за бебињата!

Предвремено родените бебиња кои се изложени на музика, имаат бавен срцев ритам, а со тоа полесно спијат, а им се олеснува и дишењето. Ова го открила студија спроведена од страна на музичкиот и медицински центар Бет Израел. Откриле дека звукот на инструментот или пеењето им овозможува на бебињата подобро да спијат а во некои случаи го подобрува и нивното хранење и доење. Во истражувањето биле вклучени 272 мајки на предвреме родени бебиња во единаесет болници во Америка. На бебињата им биле пуштани различни песни и инструменти но ефектот кај сите бил ист. Музиката имала пријатно дејство кај сите. Ја доживеале како приспивна песна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.