Му се заканува ли исчезнување на кафето!

Климатските промени честопати имаат последици и врз земјоделството, па со самото тоа и со намирниците кои секојдневно ги користиме. Според „Хафингтон пост“ некои од нив би можеле да исчезнат до 2050 година, како на пример кафето, чие семе потекнува од земјите околу екваторот, зони каде температурите растат многу побрзо отколку на други места.

Стеблата на кафето арабика (на кое отпаѓа 75 отсто од вкупното светско производство) се чувствителни на габата hemileia vastatrix која предизвикува скапување на билката, а климатското загревање е главниот причинител на оваа болест.

Една студија од 2015 година предвидува исчезнување на кафето арабика во Никарагва и Мексико во наредните неколку децении.

Светот би можел да остане и без чоколадо. Имено, 70 отсто од какаото се произведува во Западна Африка, каде температурите ќе се зголемат во просек за 2,3 степени до 2050. Цената на какаото би можела да експлодира.

 

Коментари

коментари