Може ли со помош на ДНК тестирање да се избере идеален партнер?

По порталот кој ги поврзува луѓето врз основа на коефициентот на интелигенција, Американците измислиле нов начин во потрага по љубов и врз основа на генетиката. SingldOut.com на своите корисници им испраќа прибор за ДНК тестирање, кое го враќаат назад, а потоа врз основа на резултатите ги спојуваат со слични луѓе. Бараат “биолошка компатибилност”, пишува Daily Mail.
Во лабораторија, ДНК ја тестираат на два генетски маркери кои го контролираат серотонинот одговорен за емоциите. На тој начин проверуваат како луѓето се справуваат со позитивнтеи и негативни чувства.
Експертите велат дека таквиот начин на наоѓање партнери не е сигурен, затоа што освен генетиката големо влијание има и околината. Исто така, се проверува мал дел од ДНК што не е доволно за долготрајна компатибилност, сметаат експерти.
Претходни истражувања покажале дека луѓето во долги врски имаат различни гени кои го контролираат серотонинот, како и друг имунолошки систем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.