Може ли науката да го запре стареењето?

124

Дејвид Синклер од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, верува дека денот кога ќе можеме да го запреме процесот на стареење е многу поблиску отколку што веруваме.

– Не би ги утврдувал границите на човечкиот век, изјави тој.

Овој научник, последните 20 години ги посвети на истражување кое ќе им овозможи на луѓето да живеат подолго и поздраво.

Пред десет години привлече големо внимание кога утврди дека ресверарол, молекул од грозјето, придонесува дебелите глувци да бидат подеднакво здрави како и оние слабите.

Синклер дури ја тестирал оваа супстанца на себе, поточно, го внесува веќе десет години и вели дека се чувствува добро и здраво, а истото го тврдат и неговите родители, кои имаат повеќе од 70 години.

Сега, научникот отиде уште еден чекор подалеку. На глувците го тестираше молекулот кој не само што го запре процесот на стареење на животните, туку делумно им ја врати младоста и здравјето.

Тој се надева дека оваа супстанце еден ден ќе најде примена во спречувањето на болестите како рак и Алцхајмеровата болест или барем ќе го забави нивното напредување.

Синклер е уверен дека неговото истражување ќе придонесе за многумина од нас да живеат подолго и поздраво.

– Можеме ли да живееме 150 години? Не гледам зошто не би можеле? Тоа е само прашање на време, рече тој.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.