Може ли кафето да предизвика сериозни заболувања?

219

Шпански научници откритие дека до 6 кафиња на ден не е штетно за здравјето. Во медицинско списание ги објавиле резултатите од истражувањето на врската меѓу потрошувачката на кафе со појавата на срцеви заболувања, рак или други болести. Биле направени две големи студии во кои биле вклучени 42.000 мажи и 84.000 жени. Нивното здравје и начин на живот биле следени многу години и тоа кај жените од 1980 година до 2004 година, и мажите од 1986 година до 2004 година.

На секои две години, пополнувале прашалник за навиките во исхраната вклучувајќи и пиење кафе и пушење цигари. Резултатите покажале дека жените кои пијат 2 или 3 кафиња дневно имаат за 25% помал ризик од срцеви болести и 18% помал ризик од смрт од други болести во споредба со жените кои не пијат кафе. Кај мажите, пак, кои ја пијат истата количина на кафе, не е пронајден ниту помал ниту поголем ризик од одредени болести во споредба со тие што не пијат. Истражувачите веруваат дека врската не може да се препише на кофеинот ни сметаат дека ефектот може да се препише на одредени состојки кои можат да с енајдат во кафето. Но, во секој случај, советот на истражувачкиот тим е дека ако некој сака кафе но тоа му смета во спиењето да ја ограничи дозата или да пие без кофеин.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.