Можат ли повозрасните мажи да донираат сперма?
Жените кои се обидуваат да забременат по пат на вештачко оплодување не треба да бидат загрижени ако донираната сперма е од постари лица.
Истражувањето покажало дека не постои никаква разлика во однос на возраста на донаторот на сперма, пренесува BBC.
Просечната возраст на донаторите на сперма во Велика Британија се зголеми по промената на законот во 2005 година, кога се избриша правото на анонимност на донаторот, и поранешната граница од 26 сега е 34 години за донаторот.
Жените биле загрижени дека со сперма од постар донатор им се намалени шансите за зачнување.
Но по анализа спроведена од страна на повеќе од 39.000 циклуси МПО помеѓу 1991 и 2012 година е утврдено дека и постарите мажи имаат исто шанси како помладите.
– Со оглед на овие резултати, можеме безбедно да кажеме дека не е важна возраста се додека е добар квалитет на спермата, тврдат од Центарот за плодност.