Морбилите се вратија во земјата – Регистрирани два нови случаи!

Два нови случаи на морбили се регистрирани од страна на Институтот за јавно здравје. Дете на шестмесечна возраст, кое се уште не било вакцинирано и маж на 40 годишна возраст кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на домашно лекување.

За двата случаи не постои податок за епидемиолошка поврзаност, како и податок за контакт со заболен од морбили. Здравствените власти спровеле епидемиолошки иследувања на најблиските и контактите за евентуалната потреба од вакцинација со МРП вакцината.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак испрати решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за темелно чистење и за дезинфекција на училишните простории, обезбедување средства за лична хигиена, како и редовно следење на отсутноста на децата од настава.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.