Морбили во градинка во Радишани – Заразени најмалку пет деца
Пет деца од градинка во Радишани се заразени со морбили. Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека ќе излезат веројатно со препорака да се затвори градинката, родителите децата да не ги носат по другите градинки, туку да ги чуваат дома некое време ако евентуално биле во контакт, па се заразиле.
Филипче додаде дека се во кооординација со Министерството за труд и социјална политика.