Моќен сок за имунитетот и за слабеење

Од телото го исфрла сето она што му штети

Направете го овој прекрасен сок за подобрување на имунитетот. Со неговото консумирање ниту една болест нема да ви може ништо.

Состојки: 4 средни моркови, 2,5 см корен од ѓумбир, 2 лимони (излупени), 2 чешниња лук, 1 супена лажица јаболков оцет.

Подготовка: Ставете ги состојките во соковиник. Сокот кој ќе го добиете пијте го два дена. Дневно се пие по три пати. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 часаљ.

Овој сок успешно ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Морковот ги зајакнува крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилниот антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да го подобри варењето. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамините од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, а го подобрува и метаболизмот.

Лимонот е одличен извор на витаминот Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колагенот.

Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик па се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок, а познат е и во борбата против канцерот.

Јаболковиот оцет е магичен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрување на работата на дигестивниот систем, се бори против киселината, го регулира нивото на шеќер во крвта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.