Модерниот начин на живот предизвикува рак во 9 од 10 отсто случаеви

Променете го стилот на живот пред да биде доцна

Неправилна исхрана, физичката неактивност, стресот и загадувањето се водечки причини за рак, покажа истражувањето на американските експерти.

Истражувачите на “Стони Брук” универзитетот во Њујорк сакаа да проверат колку генетиката игра улога во развојот на неколку видови на рак за да се утврди до кој степен на ризик е поврзан со фактори на животната средина, пишува “Тајмс”.

Резултатите покажале дека околу 90 проценти од рак се јавува како резултат на негативното влијание на надворешни фактори на телото, а не генетски мутации или оштетувања.

Освен загадувањето, УВ зрачењето и стресот, меѓу водечките фактори се оние кои луѓето можат да ги контролираат, како што се исхраната, пушењето и физичката активност. Резултатите покажаа дека поздрав начин на живот го намалува ризикот од рак.

Истражувањето беше објавено во списанието “Nature”.

Претходно оваа година, резултатите од студијата на британскиот Центар за истражување на ракот покажаа дека здравата исхрана спречува рак во 40 отсто случаеви

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.