Mногумина не знаат дека и листовите на цвеклото се јадат и се многу здрави

31

Цвеклото одамна е познато како ризница на витамини, но притоа најчесто мислиме на неговиот корен. А што е со листовите? Иако многумина не знаат, и листовите на цвеклото се јадат и се многу здрави, пишува „Lovesensa“.

Богати се со витамин А

Една порција листови од цвекло, околу 38 грама, обезбедува речиси половина од препорачаната дневна доза на витамин А. Витаминот А е антиоксидант растворлив во масти и е важен за репродуктивниот и имунолошкиот систем, како и за здрава, сјајна кожа.

Содржат големи количини на витамин Ц

Познато е дека витаминот Ц помага во зајакнување на имунитетот неопходен за борба против грип и настинка. Зелениот дел од цвеклото содржи голема количина на овој витамин, па затоа е особено важно да се јаде во текот на зимата.

Богати се со полифеноли

Полифенолите содржат антиоксидантни својства кои можат да помогнат во намалување и спречување на разни воспаленија во телото. Полифенолите може да се најдат во зелениот дел на цвеклото, како и во коренот.

Како да ги консумирате листовите од цвекло?

Многумина се скептични во врска со листовите од цвекло, однапред очекувајќи дека тие воопшто не се вкусни. Меѓутоа, вистината е дека имаат малку сладок вкус и можат да се јадат како и секој друг зелен зеленчук.

Можете да направите салата од свежи листови цвекло и да ја зачинете по ваш вкус. Со оглед на тоа што имаат сладок вкус, можете да ги додадете во смути од овошје или зеленчук и на тој начин нутритивно да го збогатите вашиот оброк. Ако сакате песто, заменете половина од босилекот со листови цвекло и заедно со останатите состојки ставете ги во блендер.

Листовите од цвекло можат и да се бланшираат и да се послужат како прилог со месо или риба или да се зготват заедно со друг зеленчук и да се подготви чорба или закрепнувачка, вкусна супа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.