Многу cеkc како заштита од рак!

Совет од лекари

Здравјето на простатата е деликатно и важно прашање за мажите ширум светот, особено по 50-тата година.

Зголемувањето на оваа жлезда може да предизвика зачестено и болно мокрење. Здравиот начин на исхрана, физичката активност и редовните прегледи најчесто се препорачуваат за одржување на здравјето на простатата.

 

Меѓутоа, според истражувачите од Универзитетот Харвард, има уште една важна компонента за здрава простата.

Високото ниво на сексуална активност може да го намали ризикот од добивање на рак на простатата. Во истражувањето учествувале 32.000 мажи и биле следени нивните сексуални навики.

Заклучокот  на истражувањето е дека мажите кои имале најголем број на ејакулации на месечно ниво, имале помал ризик од добивање рак на простатата.

„Откривме дека кај мажите кои имаат повеќе ејакулации месечно во зрели години, помала е веројатноста дека ќе им биде дијагностициран рак на простата. Ова обемно истражување го даде досега најсилниот доказ за тоа колку е корисна ејакулацијата како превенција од рак на простата“, рече авторот на истражувањето.

Истражувачите сметаат дека 21 ејакулација месечно е доволно за заштита од појава на рак на простата. Според резултатите, мажите кои ејакулирале 21 пат месечно имале за 33% помал ризик од појава на рак на простата.

Директната поврзаност и причината уште не се утврдени, но научниците претпоставуваат дека со ејакулацијата се исфрлаат токсините од организмот.

Секако, само ејакулирањето нема целосно да ја спаси вашата простата.

Стручњаците велат дека најголеми закани се пушењето, немањето физичка активност и преработената храна со висок процент на маснотии, но голема улога игра и генетскиот фактор.

Доктор Џејмс Балх смета дека со здрава исхрана многу помагате за одржување на здравјето на простатата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.